Општина Центар: Дел од медиумите намерно ги извртуваат фактите

Од:

Општина Центар најостро ги демантира тенденциозните написи кои ги објавија дел од медиумите со наслов „Фирмите од општина Центар ќе јадат глоба од 5.000 евра“.

„Медиумите намерно ги извртеле тезите од соопштението на општина Центар дека ќе се преземат сите законски мерки против правните и физички лица – сопственици на гаражи, кои без одобрение извршиле пренамена на истите, па во нив, како што се гледа и од фотографиите, чуваат овошје и зеленчук, а како што се жалат жителите, дури и подготвуваат храна во гаражите.

Општина Центар го издаде ова известување на барање на жителите на околните згради и на сопствениците на гаражите бидејќи, тие велат, некои од соседите ги издале или позајмиле просториите без да извршат пренамена на истите“, се вели во соопштението на Општина Центар.

garaza-parkin

„Жителите се жалат дека гаражите се полни со глувци, стаорци, бубашваби и лебарки и дека храната, меѓу која и јаткасто овошје (бадеми, лешници, индиски ореви и сл.), тулумби полни со издувни гасови се продаваат на пазарите.

Известувањето за кое пишуваат дел од медиумите и за кое сметаат дека е даден неразумен рок е согласно договорот со Агенцијата за храна и ветеринарство, бидејќи се работи пред се’, за здравјето на сите граѓани, а не само на оние што живеат во Центар“, пишува во соопштението на Општина Центар.

garaza-parking2

„Напоменуваме дека оваа одредба за изрекување глоба е единствениот можен начин на постапување од страна на општина Центар, согласно Законот за градење.

Во прилог се фотографиите од кои се гледа фактичката состојба и како лица изнесуваат храна од гаражите“, велат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски