Општина Центар: „Цел Центар на точак“, почнува проектот за субвенции за велосипеди, Е-велосипеди и Е-тротинети

Од:

Општина Центар го објави Јавниот повик со кој го започнува проектот „Цел Центар на точак“, за субвенционирање на 30 отсто од цената за купување нов велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет.

– Секој полнолетен жител на Општина Центар што ќе купи велосипед, е-велосипед или е-тротинет ќе може да добие субвенција до 3.000 денари. За доделување на субвенционирана помош потребно е да се достави пополнето барање за субвенционирање, копија од лична карта и трансакциска сметка, како и фискална сметка во оригинал за купен нов велосипед, е-велосипед или е-тротинет. Субвенционирањето трае се до исцрпување на средствата. Барањата со комплетна документација потребно е да се доставуваат во архивата на Општина Центар, барака бр.6. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето. Општина Центар напоменува дека правото на субвенција е еднократно. За сите дополнителни информации во врска со субвенционирањето, граѓаните можат да прочитаат на следниот линк https://www.centar.gov.mk/?p=16742 или да се обратат на телефонскиот број: 02/ 3203-600 и 02/ 3203-693. се наведува во соопштението од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Општина Центар најави нова дератизација, откако граѓаните се пожалија на наезда на глувци

Катерина Ѓуровски

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

(ВИДЕО) ЗНАМ: Ресторан „Мечка“ се шири, градоначалникот Герасимовски без глас

А1он