Oпштина Центар: Цел Центар на точак, Е-велосипед и Е-тротинет

Од:

Општина Центар информира дека од денес, 14-ти мај, ја спроведува акцијата „Цел Центар на точак”, со која ќе се субвенционира 30% од цената за купување нов велосипед, Е-велосипед и Е-тротинет, но најмногу до 3.000 денари.

Секој полнолетен жител на Општина Центар што ќе купи велосипед, Е-велосипед или Е-тротинет започнувајќи од 14-ти мај, потребно е да ги достави следниве документи:
– Пополнето барање за субвенционирање;
– Копија од лична карта;
– Копија од трансакциска сметка;
– Фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купен велосипед, Е-велосипед или Е-тротинет.

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар, барака број 6, почнувајќи од денес, 14-ти мај. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и за субвенционирањето.
Правото на субвенција е еднократно, велат од Општината.

За сите дополнителни информации во врска со субвенционирањето, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 3203-600.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар