Општина Центар: „Цел Центар на Точак“ 2015

Од:

„За поздрава животна средина и помал сообраќаен метеж – Полесно до велосипед!

Општина Центар од 13.05.2015 ја спроведува акцијата за субвеционирање на 30% од цената за купување нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари.

Секој полнолетен жител на општина Центар што ќе купи велосипед започнувајќи од 13-ти мај, потребно е да ги достави следниве документи:

– Барање за субвенционирање за купен производ (достапно за симнување на opstinacentar.gov.mk)

– Копија од лична карта

– Копија од транскакциска сметка,

– Фискална сметка со сметко-потврда или фактура за купен велосипед.

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на општина Центар, барака бр. 6, почнувајќи од 13-ти мај. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето.

Правото на субвенција е еднократно.

За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат кај координаторот на проектот, Емил Николовски.

Телефони за контакт: 3203 – 663 и 076-353-620“, пишува во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар