Општина Центар: Боемската улица чини колку една опашка од лавовите на мостот „Гоце Делчев“

Од:

„Креаторите на најкриминалниот проект „Скопје 2014″ продолжуваат со негативната и приземна кампања кон општина Центар. ВМРО-ДПМНЕ повторно ја лаже јавноста во обид да го покрие изборното фијаско во општина Центар и задоволството на граѓаните од работата на градоначалникот Жерновски.

Сепак, благодарение на овие јалови пресови, општината има можност да ги потсети граѓаните за градинките и училиштата кои ВМРО-ДПМНЕ вели дека можеле да се изградат за сметка на Боемска Улица.

Во Центар, за само три години, е инвестирано повеќе во образованието и градинките отколку за тринаесет години владеење на ВМРО ДПМНЕ. Изградена е целосно нова градинка, по 42 години, се и од темел реновирани две градинки. Се гради ново основно училиште во Капиштец, по цели 47 години, а реконструкција е направена на речиси сите основни училишта во Општина Центар. Ова е вистината за тоа како се трошат парите на граѓаните и кои се приоритетите на градоначалникот Жерновски. Нека одговори ВМРО-ДПМНЕ колку нивните градоначалници инвестираа во образованието и градинките.

Боемската улица, која е изградена од врвни материјали и на која целосно се реконстриуриани инсталациите и водоводните мрежи, чини колку една опашка од лавовите на мостот Гоце Делчев. Таа чини помалку од завесата во барокниот театар. Власта на ВМРО-ДПМНЕ во Центар потроши 55 милиони евра на споменици потпишани од претходното раководство на општината, а денеска обвинува за реконструкција на улици. За иронијата да биде поголема, веднаш по отварањето на улицата која толку ја критикуваат, Никола Груевски со сопругата и со највисокото раководство ја посети улица и уживаше во еден од рестораните. Со вакво лицемерие и лаги сигурно нема во бликска иднина да ја повратат довербата во центарци, кои катастрофално ги поразија нивните политики“, се вели во реакцијата на Општина Центар на прес конференцијата на советникот Јордан Ристески од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории