Општина Центар со акција за собирање на електричен отпад: Донеси стар уред и земи ваучер за попуст!

Од:

Општина Центар, веќе две години по ред, ја организира есенската акција во рамките на проектот: „Донеси стар уред и земи ваучер со попуст за нов!“, со кој се овозможува собирање на отпадната електрична и електронска опрема директно од домовите на граѓаните преку ефикасен и економски одржлив систем за собирање, селектирање, рециклирање, преработка и отстранување на отпадна електрична и електронска опрема од целата територија на општината.

Граѓаните можат да се пријавуваат во урбаните заедници, каде што на координаторите ќе им ги остават своите контакт податоци како и видот и количината на отпадот што го поседуваат. Согласно евидентниот лист од секоја урбана заедница, колективниот постапувач Нула отпад од Скопје, ќе спроведе бесплатно подигнување на отпадот.

За сите граѓани, обезбедени се ваучери од Техномаркет во вредност од 100 и 400 денари, согласно ценовникот и листата на уреди.

Граѓаните можат да се пријавуваат на телефонските броеви, во 3 урбани заедници или во организацијата Нула отпад на ЕКО ЛИНИЈА – 070 236 000.

ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД УРБАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ: ДАНЕ КРАПЧЕВ, НАУМ НАУМОВСКИ – БОРЧЕ, ВАСИЛ АНТЕВСКИ – ДРЕН И МИЛЕ АРСОВСКИ
тел. 076/496-327 од 8 до 16 часот

ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД УРБАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ: МИРЧЕ МАЦАН, СЛАВЕ ГЕОРГИЕВСКИ – ШНАЈДЕР, РАДЕ ЈОВЧЕВСКИ – КОРЧАГИН И КРЊЕВО
тел. 076/496-329 од 8-16 часот

ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД УРБАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ: РОБЕРТ ГАЈДИЌ, БОТЕ БОТЕВСКИ, БЛАГОЈА ДЕСПОТОВСКИ – ШОВЕЉ И МИРЧЕ АЦЕВ, НЕВЕНА ГЕОРГИЕВА – ДУЊА, МИТО ХАЏИВАСИЛЕВ – ЈАСМИН, КОЧО РАЦИН И БОРО ПЕТРУШЕВСКИ – ПАПУЧАР
тел. 076/496-325 од 8-16 часот

Сите граѓани што доброволно ќе се откажат од својот ваучер, сумата ќе биде донирана на социјално загрозено семејство, во вид на потребен уред за Нова година.

Проектот се спроведува во партнерство со колективниот постапувач – организацијата Нула отпад од Скопје, која што е задолжена за собирање и комплетен третман на отпадот.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски