Бутел ќе субвенционира до 3 илјади денари за секој купен велосипед или електричен тротинет

Од:

Од денеска во општина Бутел е отворен Јавен повик за субвенционирање на велосипеди и електрични тротинети.

Општината информира дека очекува голема заинтересираност од жителите и токму затоа го субвенционира секој купен велосипед со 50% од вкупниот износ на новиот купен велосипед или максимум 3000 денари од цената.

Доколку жителите на Бутел се одлучат да купат електричен тротинет тогаш сумата која ќе ја субвенционира општината е 3000 денари за секој купен електричен тротинет.

– Сите заинтересирани граѓани на општина Бутел можат да го видат Јавниот повик за субвенционирање кој е објавен на веб страната на Општина Бутел http://www.opstinabutel.gov.mk и на Огласната табла во општината, а доколку сакаат да aплицираат ќе треба да ги достават своите документи до архивата на општина Бутел секој работен ден од 08:00 до 16:30 часот. Во овој Јавен повик ќе важи правилото „прв дојде прв услужен“, информираат од Општината.

Со овој потег, велат од Општината, се стимулираат жителите на Бутел, активно да користат велосипеди или електрични тротинети со што ќе придонесат за намалување на загаденоста на амбиенталниот воздух, а со самото тоа ќе придонесат за заштита на животната средина.

Би можело да ве интересира

За смртта на пешакот во Бутел ќе одговараат и двајцата возачи – заобиколил возило, минал на црвено, возеле брзо

Мемет Камбер после 22 дена ќе биде достојно погребан на гробиштата во Бутел

Орце Костов

Посебен режим на сообраќај утре и в сабота околу гробиштата во Бутел, во Ѓорче Петов и во Камник

Грабежот во обложувалница е во Бутел – со вперено оружје го одзеле прометот

А1он

Костовски: Арсовска се чуди како сум можел да бидам против нејзе, нека не се чуди, јас секогаш ќе бидам на страната на народот

Ана Ололовска

Арсовска: Ги отфрлам лагите кои ги изнесе градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски

Ана Ололовска