Општина Богданци објави јавен повик за финансирање културни и спортски активности

Од:

Општина Богданци денеска го објави јавниот повик за финансирање културни и спортски активности со средства од општинскиот буџет за 2019 година, на кој право на учество имаат здруженија на граѓани и други правни лица од областа на културата и спортот што дејствуваат на територијата на општината.

Според критериумите за финансирање, сите апликанти имаат обврска да дадат придонес во збогатувањето на културниот и спортскиот живот, да ја реализираат утврдената програма со која конкурираат, да ги поттикнуваат и афирмираат културното творештво и спортските активности, да се грижат за стручната работа и усовршување на кадрите, да обезбедат континуитет на традиционалните локални манифестации и да не вршат политичко и верско организирање и дејствување.

Пријавите за учество на јавниот повик, со потребната документација и отчет за сработеното во тековната година, треба да се достават до архивата на локалната самоуправа во Богданци најдоцна до 2 ноември.

Би можело да ве интересира

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци

Момче од Богданци во студентски дом фотографираше девојка како се тушира

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Богданци и околината

Горан Наумовски

Маж од Богданци осомничен дека силувал малолетничка

Горан Наумовски

Детали за несреќата во која загина едно лице: Еден од учесниците во сообраќајката криумчарел мигранти

А1он

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он