А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Општина Битола утврди акциски план за борба против трговија со луѓе и илегална миграција

by А1он20/04/2017 - 10:59138
Share0

Општина Битола утврди локален акциски план за борба против трговија со луѓе и илегална миграција за периодот 2017-2020 година.

Добивај вести на вибер

Целта на планот е да се изврши зајакнување на координативната улога и да се овозможи подобрена транспарентност во спроведувањето на активностите, редовно и активно учество на членовите на локалниот комитет избрани за реализација на планот.

– Со утврдениот план ќе има подобрен проток на информации од членовите на локалниот комитет до матичните институции и организации, а со донесената одлука од страна на Советот на општина Битола се овозможува проширување на членството на локалниот комитет со претставници од Канцеларијата на Народен правобранител, општинската организација на Црвен Крст, Синдикати, УЈП, Младински совет и други лица за кои ќе бидат организирани трибини и други манифестации, информираат од локалната самоуправа.

Со утврдувањето на локален акциски план за борба против трговија со луѓе и илегална миграција за периодот 2017-2020 година планирани се изработка на фан-страна и промотивен материјал.

– Во наредниот период ќе биде формиран мобилен тим на локално ниво за идентификација, помош и поддршка на потенцијални жртви и ризични групи, зајакнување на регионална соработка на национално и меѓународно ниво и координација помеѓу релевантните институции во областа на трговијата со луѓе, а доколку е потребно ќе бидат користени услуги на овластени судски преведувачи на јазиците на жртвите и илегалните мигранти во судска постапка, посочуваат од локалниот комитет.

Согласно програмата за работа на 30 јули ќе биде одбележан Светскиот ден на борба против трговија со луѓе, на 18 октомври ќе биде одбележан Европскиот ден за борба против трговија со луѓе, а од 2 до 9 декември во Битола ќе биде организирана Недела на борба против трговија со луѓе.

bitolamigranti

Би можело да ве интересира

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Горан Наумовски03/03/2026 - 10:07

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 08:38

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Горан Наумовски26/02/2026 - 10:06

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски24/02/2026 - 12:4824/02/2026 - 13:09

Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:2724/02/2026 - 09:42

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија

Горан Наумовски23/02/2026 - 11:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто