Општина Битола ќе се вклучи во манифестацијата „Трка за лек“ – „Race for the Cure”

Од:

Општина Битола годинава ќе се вклучи во големиот настан за подигнување на јавната свест за борба против рак на дојка „Трка за лек“ (“Race for the Cure”), кој ќе се одржи од 25 до 27 септември во повеќе македонски градови.

Општинската поддршка е договорена денес на средба меѓу претседателката на здружението „Борка“, Биба Додева и градоначалничката Наташа Петровска.

– На средбата во Битола, Додева ја информираше градоначалничката за состојбите со заболени од рак како и за помошта и поддршката која им е потребна на тие лица, додека пак Петровска истакна дека општината максимално ја дава подддршката во активностите за подигнување на јавната свест за ракот.

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски