Општина Битола почна со одбележување на Денот на ослободувањето на градот

Од:

Општина Битола со целовечерен концерт на хармоика што го организира здружението „Непокор“, вечер почнува со реализација на програмските активности посветени на „4 Ноември“, Денот на ослободувањето на градот.

Од Секторот за односи со јавност соопштуваат дека утревечер концерт ќе одржи и пензионерската пејачка група „Сирма Војвода“, а Центарот за боречки спортови „Пелистер“ ќе промовира публикација на тема „40 години боречки спортови Пелистер“-Битола.

– Според востановената традиција, а во чест на празникот на градот ќе бидат организирани ликовна изложба на Друштвото на ликовни уметници, ноќна атлетска трка по Широк Сокак, театарска претстава „Приказни од нашите претци“, а на денот на празникот градоначалникот Владимир Талески ќе приреди прием за претставници на битолската боречка организација, како и на гости од збратимените градови, информираат од тамошната локална самоуправа.

Празничната програма ќе биде завршена на денот на празникот со свечено доделување на наградата „4 Ноември“ и сценско музички перформанс „Битолска арија“ во кој ќе настапат Игор Дурловски, Јана Четелива Белевска и актери од Битолскиот театар.

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција