А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Општина Битола ќе обесштети 127 лица чии домови претрпеа штети од поплавата во месец јули

by А1он11/12/2020 - 11:56289
Share0

Советот на Општина Битола ќе обесштети 127 лица од Битола и населените места Добромири, Кукуречани и Лопатица, во чии домови беа регистрирани штети од поројниот дожд и поплавата што во тој град се случи на 4. јули оваа година.

Добивај вести на вибер

Комисија за проценка на штети од природни непогоди во Општина Битола утврди 139 барања и одлучи позитивно да одговори на 127 барања за кои од локалниот буџет ќе бидат издвоени 968.752 денари.

Како што е познато, делови од градското подрачје на Општина Битола на 4. јули оваа година беа зафатени од силно невреме проследено со обилни врнежи од пороен дожд и град кои предизвикаа поплави во одредени семејни домови и други објекти во градското подрачје во Битола. Комисија, врз основа на Елаборат изготвен согласно Одлука за единствена методологија за проценка на штети предизвикани од елементарна непогода остварила посети на терен и одлучи да бидат доделени близу еден милион денари за 127 лица кои ќе добијат различни парични суми за надомест на штета кои се движат од минимални 2.000 денари до максимални 31.500 денари.

bitola

Би можело да ве интересира

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он14/02/2026 - 15:1014/02/2026 - 17:01

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Горан Наумовски07/02/2026 - 16:23

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски07/02/2026 - 14:0007/02/2026 - 14:39

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Горан Наумовски05/02/2026 - 07:54

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките

Горан Наумовски04/02/2026 - 19:14

28-годишник од Битола крвнички ја уби својата баба, се истражува дали осомничениот е психички болен

Горан Наумовски19/01/2026 - 08:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен