А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Општина Битола и УСАИД потпишаа Меморандум за соработка

by А1он06/02/2013 - 16:15224
Share0

Општина Битола и УСАИД денеска потпишаа Меморандум за соработка чија основна цел се обезбедување услови за намалување на невработеноста и создавање образовни профили кои ќе ги следат потребите на пазарот на трудот.

Добивај вести на вибер

Градоначалникот Владимир Талески на прес – кноференција денеска посочи дека Меморандумот ќе овозможи воспоставување вистинска координација на расположливиот потенцијал: развој, перспективни потреби на работодавачите, но и адекватна понуда од младите луѓе кои треба со своето знаење и стручност да се вклучат во развој на општеството.

– Овој проект е веќе започнат и овозможува дејствување на една младинска мрежа што ја формира УСАИД. На овојначин правиме максимална координација меѓу јавниот и приватниот сектор, односно се што е потреба на општината, тоа што го бараат работодавачаите, нивната понуда за работа и тоа што значи едукација, обука и образование во општината, истакна Талески.

Во следните денови се очекува да биде формиран новиот социоекономски совет кој ќе го сочинуваат претставници од сите сфери во координација со општината, односно стопанственици, претставници на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор, а ќе бидат вклучени и основните и средните училишта.

– На овој начин ќе се стави приоритет на изборот на образовниот профил не само според личните желби на учениците, туку и според правецот во кој ќе се развива општината. Така, со развојот на Индустриската зона „Жабени“ се очекува советот да укаже на поголема побарувачка од техничките струки. Оваа соработка е уште една потврда на заложбите и придонесот кој го прави УСАИД во образованието во општина Битола, а пред се во создавањето услови за побрзо и поефикасно вработување на идните генерации, посочи Талески.

bitola

Би можело да ве интересира

26-годишна жена од Битола осомничена за обид за убиство на нејзините баба и дедо

Горан Наумовски16/06/2025 - 14:1016/06/2025 - 14:17

Денеска во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“

Горан Наумовски29/05/2025 - 07:29

Во Битола ноќеска беа опожарени „тојота“, „фолксваген пасат“ и „дачиа логан“

Горан Наумовски20/05/2025 - 13:55

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски06/04/2025 - 18:0506/04/2025 - 18:20

Земјотрес e почувствуван во Битола и околината

Горан Наумовски28/03/2025 - 08:39

Општина Битола издвои два милиони денари за семејствата на починатите и за повредените во пожарот во Кочани

Горан Наумовски21/03/2025 - 11:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен