Општина Битола го одбележува денот на заштитникот на градот Св. Нектариј Битолски

Од:

Општина Битола во соработка со Преспанско-пелагониската епархија денеска го одбележуваат 18 декември, ден на заштитникот на градот Св.Нектариј Битолски, востановен со одлука на Советот на општина Битола во 2008 година.

Свеченостите посветени на светецот почнаа синоќа кога во битолскиот театар премиерно беше прикажан филмот „Битола за својот заштитник – отец Нектариј Битолски“ по сценарио на отец Никола Грамбозов во режија на Петар Атанасовски, а одбележувањето продолжи утрово со свечена литургија во Храмот „Св.вмч. Димитриј“ на која богослужи митрополитот г. Петар.

Според истражувањата и преданијата преподобен Нектариј Битолски е роден во Битола во 1430 година. Крстеното име му е Никола, многу млад заминал на Света Гора, се замонашил и го добил името Нектариј. Преподобниот Нектариј Битолски умрел на 5 декември 1500 година. По пет години неговите ученици го отвориле гробот и виделе дека од неговите мошти се целосно зачувани. И денес светите мошти на Нектариј Битолски почиваат во келијата во Света Гора во која тој живеел и се молел.

По повод 18 декември денот на светецот Нектариј Битолски, претпладнево низ улиците во централното градско подрачје ќе се одржи литија, а напладне градоначалникот Владимир Талески ќе се сретне со митрополитот преспанско-пелагониски г.Петар со кого ќе разговараат и за иницијативата за изградба на Храм посветен на заштитникот на градот Битола.

Би можело да ве интересира

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се насилниците кои од Швеѓанец земаа блузата на која имало исцртано глава на орел

Горан Наумовски

Маж од Австралија е пронајден починат во хотел во Битола

(ВИДЕО) Куновски: Четири години битолчани се сведоци на недомаќинлук, аздисаност и лицемерие

Габриела Илиевска од „Поинаку“ кандидатка за градоначалничка на Битола

Левица: Разрешениот началник е во роднински врски со актуелниот началник на СВР Битола