Општина Битола го одбележа Коледе

Од:

Општина Битола, според востановената традиција, синоќа на организиран начин го одбележа празникот Коледе, со палење на традиционалниот коледарски оган.
Градоначалникот Владимир Талески посети и повеќе битолски маала каде се палат коледарски огнови, информираше Секторот за односи со јавност на општина Битола.
Одбележувањето беше збогатено со музичка програма и настап на повеќе музички групи. За доброто расположение на плоштадот „Гоце Делчев“ се погрижија групите „Ѓердан“, „Бон тон“, „Хераклеа“, „Прва севда“, „Јошка бенд“ и Софија Кочевска. На присутните сограѓани, Талески им посака многу здравје, среќа, љубов и успех и им ги честиташе божиќните празници.

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција