Општина Битола го објави конкурсот за доделување на наградата „4 Ноември“

Од:

Управниот одбор на Фондот за наградата „4 Ноември“ на Oпштина Битола го објави конкурсот за највисоките општински признанија кои традиционално се доделуваат на 4. Ноември – Денот на ослободувањето на градот Битола.

Наградата им се доделува на физички и правни лица како знак на општествено признание за значајни остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и други сегменти од животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на општината или државата.

Од општина Битола информираат дека наградата ќе се додели во две категории – за едногодишни остварувања на правни и физички лица, и награда за животно дело која претставува заокружена, континуирана творечка целина и се доделува на едно физичко лице.

Конкурсот за пријавување кандидати ќе биде отворен до 4 октомври.

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција