Општина Аеродром: Смешно е политикантството на СДСМ, новиот ДУП за дел од населбата Лисиче е направен согласно барањата и потребите на граѓаните

Од:

Невистини, манипулации и лажна грижа за граѓаните. Последната прес конференција на СДСМ е во стилот во кој веќе се навикнавме да ја гледаме и слушаме оваа политичка партија: Полно со лаги, невистини и небулози реагираат од Општина Аеродром на обвинувањата од СДСМ за ДУП-от на Лисиче.

– За жал СДСМ во континутитет се обидуваат да креираат лажна слика за Аеродром и на тој начин да ја скријат вистинската реалност од нивните лоши политики и вистинската реалност во која живеат граѓаните во Македонија, секојдневно соочени со корупција, високо ниво на криминал, лоша економска состојба и највисока инфлација во Европа. Имено, деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче, се креираше во три фази, каде општината редовно и транспарентно ги споделуваше сите информации во јавноста и во консултација со јавноста правеше корекции во конкретниот план. Третата и актуелна верзија на планот во себе ги содржи речиси сите забелешки кои граѓаните ги доставија со општината.Јавноста знае дека Лисиче ќе добие ДУП направен согласно стандардите на хумана урбанизација, со значително намален број на станбени објекти и со зелени површини. Тоа ќе биде урбанистички план за модерна населба кој ќе ги реши проблемите на граѓаните. Свесното и смешното креирање кризи, само говори за неуспешниот обид на СДСМ, ДУП-от во Лисиче да го претстават како политичка тема. Напротив, освен политичкото фјаско кое го дожиеа СДСМ на оваа тема, таму нема ништо од политика. Целиот ДУП е направен согласно законските прописи и барањата на граѓаните, а токму институциите на централно ниво кои се предводени од оваа политичка партија, досега на ниеден начин немаат доставено забелешки за посочениот ДУП. Аеродром е општина која се грижи за своите граѓани, и која за разлика од СДСМ, решава и не креира проблеми. Доста се лаги и дезинформации, граѓаните се заситени од политиканството на СДСМ. Крајно време е оваа политичка партија да покаже одговорност, сериозност и зрелост за локалните, а потоа и за националните проблеми и прашања, се вели во соопштението од Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Аеродром, Гостивар и Сарај со В.Д. градоначалници до следните избори, помина Законот за локална самоуправа

Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз

Се нормализира состојбата во Аеродром по вчерашното невреме

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром

Општина Аеродром: Нема бетонизација во Лисиче, ќе се гради една зграда и два парка

СДСМ: Муцунски и ДПМНЕ на шверцерски начин го изгласаа срамниот ДУП за бетонизацијата на Лисиче