Општина Аеродром: Ширењето лажни вести е само уште еден обид на СДСМ за дефокус од крупните корупциски скандали

Од:

„Деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче, решава важни урбанистички и комунални проблеми за граѓаните во овој дел од општината. Процесот за негова изработка е целосно транспарентен и во согласност со законите процес кој вклучува и усогласување и разгледување на забелешките добиени преку анкетните листови на граѓаните“, реагира Општина Аеродром на прес-конференцијата на СДСМ.

„Ширењето на лажни вести е само уште еден обид на СДСМ за дефокус од крупните корупциски скандали во кои е вклучен врвот на политичката партија.

Додека тие се обидуваат, да ги скријат зделките за нови луксузни хотели и фотоволтаици, ние во Општина Аеродром сме посветени на решавање на проблемите на граѓаните, преку хумана урбанизација која тековно се одвива на неколку локации. Општина Аеродром е првата општина која пренамени градежни маркички во паркови и зеленило. Изминатите денови, започнаа активностите за изведба на новиот парк ‘Радост’, а нови паркови и зеленилото стануваат реалност во неколку населени места.

Новите инвестиции во Аеродром се проекти кои решаваат најголемите предизвици на граѓаните. Ние не градиме хотели, како тој на мајката на Богоев и во Аеродром нема да никнат фотоволтаици како тие на сопругата на Ковачевски. Изведбата на нови паркови, реконструкцијата и изградба на нови детски игралишта, инвестициите во детските градинки и училишта се дел од инвестиции во Аеродром. И тоа ја прави општината, простор во кој контиунирано се инвестира и убаво месо за грѓаните.

Лажните вести и информации едиствено одат во прилог на Ковачевски и Богоев, и на врвот на политичката партија која нема еден реализиран проект, напротив само спорно одлуки, коруптивни скандали и работење за фамилијарните интереси“, се додава во реакцијата на Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он