(ВИДЕО) Ристески: На Лисиче му се закнува бетонизација со 12 катиници, Муцунски да го повлече спорниот ДУП

Од:

„Случајот „Парцели во Лисиче“ останува во фокусот на интересот на граѓаните во Аеродром. Поминаа точно 10 дена откако заврши јавната анкета преку која граѓаните му порачаа на Тимчо Муцунски дека се против изградбата на 9 висококатници на влезот на населбата Лисиче“, рече Милутин Ристески, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Аеродром.

„Точно 10 дена, наместо гаранција дека ќе ги избрише спорните градежни маркици, граѓаните слушаат лажни конструкции и лажни ветувања од Муцунски. Наместо да ги преземат сите потребни чекори за бришење на маркиците и на тој начин да ја спречат бетонизацијата на Лисиче, Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ држат изјави полни со изговори.

Нови 9 висококатници на влезот од Лисиче, за граѓаните недвосмислено ќе значат намален проток на воздух, зголемен сообраќаен метеж, хаос од непрописно паркирани возила и преоптоварени капацитети на водоводната и канализационата мрежа.

Муцунски им должи одговори на граѓаните:

1. Дали е точно дека највисоката од вкупно 9 висококатници во Лисиче, предвидено е да има 12 ката, односно приземје, 10 ката и поткровје?

2. Дали е точно дека најмалку 3 висококатници предвидено е да бидат на 8 ката, односно приземје, 6 ката и поткровје?

3. Дали е точно дека 4 висококатници се предвидени да бидат подигнати над главна гасоводна цевка со пречник Фи-400 која ги поврзува индустриските капацитети во Железара и Усје?

4. Зошто сопственици на позната градежна компанија лани купиле ниви со површина од над 1000 метри квадратни на местото каде што ја предвидувате највисоката висококатница?

Ова се прашањата што ги интересираат нашите сограѓани од Лисиче, а не лажните вести кои ги произведуваат Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ од општинската и партиската говорница.

Го повикуваме градоначалникот Муцунски наместо да се занимава со продукција на лажни вести, да даде одговори на овие прашања кои граѓаните секојдневно му ги поставуваат.

Уште еднаш ја повикуваме и Државната антикорупциска комисија, да отвори предмет и во целост да го расчисти случајот „Парцели во Лисиче“, изјави Милутин Ристески, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Аеродром, Гостивар и Сарај со В.Д. градоначалници до следните избори, помина Законот за локална самоуправа

Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз

Се нормализира состојбата во Аеродром по вчерашното невреме

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром

Општина Аеродром: Нема бетонизација во Лисиче, ќе се гради една зграда и два парка

СДСМ: Муцунски и ДПМНЕ на шверцерски начин го изгласаа срамниот ДУП за бетонизацијата на Лисиче