Општина Аеродром: Постапката за извршување е одложена по барање на сопственикот на „Силбо“

Од:

Постапката за извршување на решението за отстранување на недостатоците на објектот на пекарницата „Силбо“ во ТЦ „Бисер“ е одложена по барање на сопственикот на пекарницата, информира општина Аеродром во реакција на денешната прес-конференција на Здружението на сопственици на деловен простор за одржување на ТЦ „Бисер“.

– Постапката за извршување е одложена по барање на сопственикот ДПТУ „Жито Скопје Силбо ДООЕЛ“. Одложувањето важи сѐ до донесување одлука на второстепената комисија за инспекциски надзор и прекршочна постапка, согласно со Законот за општа управна постапка, соопшти општина Аеродром.

Пред да се преземе каква било активност, се нагласува во соопштението, мора да се почека до решавањето на второстепената комисија.

Здружението денеска на прес-конференција го повика Јавното обвинителство да покрене истрага за „бесправната изградба на пекарницата ‘Силбо’ во ТЦ ‘Бисер’“, во спротивно најавија дека ќе поднесат кривична пријава до сите инволвирани, како и протести и блокади доколку не се почитува законот. Нагласија дека со последното решение што го донел, овластениот градежен инспектор во општина Аеродром ги прекршил првите две решенија што ги има донесено.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан