Општина Аеродром подели заштитни маски и ракавици во Пензионерскиот дом и СВР – Скопје

Од:

Станарите на Домот за стари „Аеродром“, како и дежурните вработени во СВР – Скопје, добија заштитни маски и ракавици од мобилните тимови на Општина Аеродром и Црвениот крст.

Од Општината информираат дека во Домот за стари поставиле и држач со средство за дезинфекција, а во текот на вчерашниот ден таму биле дезинфицирани сите влезови.

– Мобилните тимови на Црвениот крст даваат подршка на сите лица што не се во можност сами да се снабдат со прехранбени продукти и лекови. Заинтересираните граѓани може да се јават на телефонскиот број 3 211 417 во периодот од 8:30 до 12:30 часот, соопштија од Општината.

Досега, 20 семејства побарале помош од Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Каја Калас и тројца европски лидери заглавија на аеродромот во Франкфурт

А1он

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

(ВИДЕО) Митевски: Не планирам изградба на монтажни гаражи во Аеродром

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Горан Наумовски