Определена е мерка притвор за директорот на „Комунална хигиена“

Од:

Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи мерка притвор од 30 дена за двајца раководители од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, поради основано сомнение за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 став 1 од Кривичниот законик.

Притворот е изречен за Сабахадин Рустеми, в.д. директор на претпријатието, и Аки Саити, управител за отпад, поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото.

Според обвинителството, осомничените постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на обврските од Оперативната програма за собирање и транспортирање на комунален отпад, што резултирало со создавање мали депонии на јавни и сообраќајни површини во Скопје.

Вонредните инспекциски надзори и експертското мислење од Институтот за јавно здравје потврдиле дека ваквото управување со отпадот предизвикало оштетување на почвата, воздухот и водата, со потенцијална опасност по здравјето на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Обвинение за поранешниот директор на Комунална за хаосот со ѓубрето во Скопје

Љупчо Пецов – Ѓаволот од бегство во домашен притвор, сам се пријавил и донел документи дека е болен

За прегазувањето на Југослав Николовски, 25 годишниот моторџија се бранеше со психијатриско вештачење на вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Случај „Онкологија 2“: Обвинителството тврди за финансиски малверзации и незаконско постапување со терапијата, за одбраната обвинителниот акт е нејасен и незаконит

Димовска: Целиот судски систем се наоѓа пред голем предизвик – судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани