Определен притвор за осомничените за нападот врз Зијадин Села

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за проширување на истрагата за уште 3 лица за сторено кривично дело Убиство во обид сторено во соизвршителство, од чл.123 во врска со чл. 19 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик.

Осомничените беа вчера препознаени со помош на граѓаните по објавување на нивните фотографии.

Ценејќи дека се исполнети околностите предвидени во законот, надлежниот јавен обвинител до судија на предходна постапка во Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување на мерка Притвор за осомничените лица.

Одлучувајќи по предлогот на надлежен јавен обвинител, судија на претходна постапка определи мерка притвор во траење од 30 дена за трите осомничени лица.

Освен ова, притвор во траење од 30 дена беше определен и за петтото лице кое беше претходно лишено од слобода за истиот настан и за кое одлуката на Судот беше одложена заради влошена здравствена состојба на осомничениот, соопштуваат од Јавно Обвинителство.​

Би можело да ве интересира

Села: Нема ништо лошо во средбите на Ахмети со Таравари, целиот албански политички фактор треба да се обедини

Села до Таравари: Без доверба и чест нема ниту куќа, ниту врата

А1он

Села: Тажно утро за сите, ја споделуваме болката со семејствата на жртвите

А1он

Села: Алијанса за Албанците припаѓа на основачите, се враќа нa корените

А1он

Судот го запиша Зијадин Села дека е претседател на Алијанса на Албанците

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски