Опозицијата во Советот на општина Кочани ја напушти седницата поради законот за јазици

Од:

Опозицијата во Советот на општина Кочани ја напушти осмата седница, затоа што не беше прифатен предлогот да се расправа за законот за јазиците, што вчера го усвои Собранието на Република Македонија.

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Лазо Митев, побара да се дебатира за законот со цел да се укаже на опасностите што ги носи двојазичноста на целата територија на Република Македонија.

Дел од советниците посочија дека и тие се против законот, но дека во оваа фаза таквата дебата нема да даде никаков придонес и оти Уставниот суд ќе го каже последниот збор. Беше нагласена и потребата од подготовка за квалитетна и квалификувана дебата.

Независниот член на Советот, Венко Крстевски, праша зошто опозицијата сега повикува на патриотизам, наместо во изминатите девет години патриотски да се бори против криминалот и корупцијата во Кочани, зашто, како што рече, тоа е вистински патриотизам.

По неизгласувањето на предлогот, опозициските советници излегоа од салата, а седницата продолжи според дневниот ред.

Би можело да ве интересира

Екс-директор, двајца вработени и поранешен вработен во „Водовод“ – Кочани ќе одговараат за злоупотреба

А1он

Сведоштва за пожарот и последиците во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип