Опозицијата утре на мирен марш со автомобили по улиците на Охрид

Од:

[staff name=”Мики Трајковски” position=”Автор”][/staff]

Додека премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски утре ќе го промовира нивниот кандидат за градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески, здружената опозиција предводена од СДСМ утре ќе одржи мирен марш со автомобили по улиците на Охрид.

Според официјалната информација на СДСМ од Охрид, протестниот марш ќе трген во 16 и 30 од пред седиштето на СДСМ во Охрид. Колоната автомобили потоа ќе се движи низ целиот град по Булевар „Туристичка“ дo крстосницата со Ул. „Абас Емин“ „Гоце Делчев“- „Бистрица“- Булевар.

„Туристичка“ до Охридска Банка – „7-ми Ноември“ – „Марко Нестороски“ – „Питу Гули“ – „Јане Сандански“ – „ Галичица“ – „АСНОМ“ – „Никола Карев“ до маркетот на Тинекс.

Претходно Бакрачески од ВМРО ДПМНЕ ќе одржи прес конференција во ново отворениот штаб на неговата партија во компексот Летница во Охрид, за каде Петрески тврди дека ВМРО ДПМНЕ плаќа кирија од 5000 евра.

Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и денес одржа прес конференција која ја започна со зборовите „Дојде време да се обезбеди пристоен живот за сите охриѓани“.

Да се сака Охрид, значи бескомпромисна борба за секој камен од неговото минато, но и јасна визија за неговата иднина. Да се сака Охрид, значи да се направи се што е потребно за да им се остави на генерациите кои доаѓаат по нас, Охрид со сиот свој сјај, рече Бакрачески.

Би можело да ве интересира

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

Уапсени лихвари од Охрид, од жртвите изнудиле над девет милиони денари

МВР: Кривична за директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“

(ВИДЕО) Скроз гол на џогинг во Охрид

А1он

Мартин Гоџоски го фати крстот во Охрид

Катерина Ѓуровски

Срби се истепале пред ноќен клуб во Охрид