Опозицијата најавува „жешки денови“ за власта

Од:

Опозицијата ги демантира сите информации кои се појавуваат за некаков постигнат компромис со власта за нивно враќање во парламентот. Од СДСМ најавуваат жешка есен во која нема враќање во парламентот се додека не се постигне договор за техничка влада.

Од таму уверуваат дека нема ниту пратеници кои би откажале послушност на партијата и да се вратат сами, но и доколку се случи тоа-ќе бидат исклучени и нема да ја претставуваат опозицијата.

Од СДСМ најавуваат дека е прифатлив разговор со власта за петте барања, но и дека досега освен едната средба немало никаков контакт.Доколку и не се случи средба, тие велат дека во меѓувреме ќе ја спроведуваат стртегијата на терен, а доколку до одреден период нема резултати, тогаш дополнително ќе преминат и кон многу поактивен инструмент, за да ја принудат власта за остварување на нивното барање. За каков инструмент се работи не се открива, но убедуваат дека целта ќе биде постигната.

За опозицијата, разговори мора да има за петте теми.

-Ние не сакаме да владееме со ВМРО ДПМНЕ, туку да има влада која ќе гарантира фер и демократски избори. Токму тоа е клучот на победата на ВМРО ДПМНЕ на сите избори-со притисоци и заплашувања ги добиваат гласовите, а техничка влада каде нема да ги контролираат МВР, Министерството за финасии, за земјоделство и труд и социјална политика ќе гарантира дека ќе има фер и демократски избори , односно контрола на ресорите каде е системската кражба на изборите, велат од СДСМ.

Според опозицијата, тие не инсистираат на термин кога би се одржале избори, но инсистираат да има техничка влада шест месеци пред нивното оддржување. Во спротивно нема да учествуваат на такви избори кои би ги организирала ВМРО-ДПМНЕ, а нема ни да се враќаат во парлементот.

-Техичка влада е услов и нема да дозволиме тоа што ќе се договори, Груевски да го спроведува, со оглед на досегашното искуство кога не беа спроведени многу работи. Уште едни криминални избори нема да се дозоволат, велат од опозицијата.

Според партијата анемична опозиција е веќе завршена работа и во периодов ќе се крева активизмот, ќе се мобилизираат луѓе и ќе се стави крај на внатрешните конфилкти.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Исти криминални шеми, иста банда – СДСМ бара Обвинителството да постапи за скандалот од девет милиони евра

Горан Наумовски

Раководството и сите членови на Извршниот одбор на СДСМ поднесоа оставки

А1он

Филипче најави парцијално освежување на тимовите во делот на раководството на СДСМ

А1он

(ВИДЕО) Огњеновиќ: СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од девет милиони евра, заедно со сите докази

Горан Наумовски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски