Опозиција: Владата капитулира во борбата со невработеноста

Од:

„Катастрофално законско решение“, опозицијата продолжи жестоко да го критикува владиното законско решение за вработување и осигурување во случај на невработеност.

Ова е политика на криенка и лаги, сакаат да се нафалат со намалена невработеност, а ќе го бришат од евиденцијата секој на пример, невработен лекар, што ќе добие понуда да работи во Дебар како медицинска сестра.

„Министерот бега или се слика некаде, а овде состојбата е алармантна. Имаме 31, 6 отсто невработени. Наместо нови работни места, владата ги фрла парите за глупости . Со овој закон владата реши да капитулира во борбата со невработеноста“, рече Билјана Казанџиска.

За Весна Бендевска ова е најголема небулоза и најригорозен закон. Срамно е рече, што ова се обидуваат да го спакуваат како европски закон.

За Ивон Величковски, ова е закон за фризирање на податоците со кои сака власта да го пресретне новиот бран на невработени кој и се заканува на Македонија, законот е шминкерски и е за мачкање на очите на граѓаните.

„Доста е со манипулации, ширите невистини, нема да се брише никој“, реплицираше Ане Лошкоска.

Власта во форма на реплики ја повика опзоцијата да не шири лаги и да на ја плаши јавноста бидејќи велат, брзо ќе се види вистината.

Ердоган Срач, праша зошто нема критична маса кај пратениците од мнозинството и да признаат дека ова е манипулација со невработеноста. Власта, рече , со ова дава јасен сигнал дека ја губи битката со сиромаштијата и нема концепт за да го реши проблемот со невработеноста.

Дебатата по овој закон во петокот се водеше до доцна во ноќта. Законот е изгласан без гласовите на опозицијата.

Би можело да ве интересира

Собранието ја прифати интерпелацијата за државниот обвинител Коцевски

Катерина Ѓуровски

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има