Опожарено полициско возило во Куманово

Од:

Полициско возило паркирано во близина на Отсекот за управни работи на СВР Куманово е опожарено минатата ноќ во 02:10 часот, информираше денеска кумановската полиција.

Полициски службеници од СВР Куманово на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ забележале едно лице кое го предизвикало пожарот на моторно возило „Шевролет Спарк“, во сопственост на МВР, кое било паркирано пред поранешниот Дом на АРМ.

– Лицето се дало во бегство, а по кусо време од страна на полициски службеници било забележано на улицата „Боро Прцан“, но не ја почитувало дадената наредба за застанување, туку вперило огнено оружје и испукало неколку проектили кон нив, по што побегнало. Нема повредени, соопшти СВР Куманово.

Опожареното возило „Шевролет Спарк“ е изгаснато по интервенција на Територијалната противпожарна единица Куманово. Во координација со јавен обвинител извршен е увид на местото на настанот и увидна екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари