Опожарени возила во Скопје и во Битола

Од:

Две патнички возила се опожарени ноќеска во Скопје и во Битола, информира денеска Министерството за внатрешни работи во редовниот билтен.

На ул. „Јуриј Гагарин“ во Скопје е опожарено возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на скопјанецот И.С. (43). Автомобилот бил запален целосно од воланот до задниот дел. Увид ќе се изврши во тек на денов.

Во Битола, на ул. „Питу Гули“ е опожарено возило „БМВ“ сопственост на Б.Р., кој е починат. Пожарот го забележал граѓанин, кој додека седел дома најпрво слушнал пукање, а по кратко време и тап удар по што забележал дека возилото е во пламен и пријавил во Територијалната противпожарна единица. Оштетени се хаубата, покривот, двете предни врати, сите стакла и целата внатрешност на возилото. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он