Опожарени пет возила под скопското Кале покрај Вардар

Од:

Пет возила се зафатени во пожар што попладнево избувнал на улицата „Лазар Личеноски“ под скопското Кале, спроти Градскиот стадион, информираат од Противпожарната бригада на Град Скопје. Од пожарот, три возила се делумно, а две целосно изгорени. Огнот бил гаснет со интервенција на три противпожарни возила и осум пожарникари.

Командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томески изјави дека пожарот бил пријавен во 15.40 часот, при што било пријавено дека гори сува трева, смет и паркирани автомобили.

– Со брза интервенција на екипите, пожарот е локализиран и целосно изгаснат во 16.40 часот, информира командантот.

Би можело да ве интересира

Опожарени два паркирани автомобили во Куманово

Горан Наумовски

Брзата реакција на професионален војник спречи ширење на пожарот на скопското Кале

МВР: Едно лице е повредено во пожар на автомобили и сува трева на скопското Кале

Горан Наумовски

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

Во Аеродром: Се запали „рено клио“, оштетени се уште две возила

(ВИДЕО) Запалени три возила во Аеродром, штетат е голема, полицијата уапси двајца пиромани

Горан Наумовски