Опожарени два паркирани автомобили во Куманово

Од:

Во Куманово рано утринава избувнал пожар во две паркирани возила на улицата „Никола Вапцаров“, информираше полицијата. Во пожарот нема повредени лица.

-Денеска во СВР Куманово е пријавено дека на ул. „Никола Вапцаров“ во Куманово настанал пожар во паркирани патнички возила „опел“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на Е.Ф. од Куманово и „фолксваген тигуан“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на А.С., а дадено на користење на В.М. од Куманово – соопшти полицијата.

Пожарот го изгасила Територијална противпожарна единица Куманово од каде информираат дека интервенирале со едно противпожарно возило и петмина пожарникари.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Би можело да ве интересира

Брзата реакција на професионален војник спречи ширење на пожарот на скопското Кале

МВР: Едно лице е повредено во пожар на автомобили и сува трева на скопското Кале

Горан Наумовски

Опожарени пет возила под скопското Кале покрај Вардар

Горан Наумовски

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

Во Аеродром: Се запали „рено клио“, оштетени се уште две возила

(ВИДЕО) Запалени три возила во Аеродром, штетат е голема, полицијата уапси двајца пиромани

Горан Наумовски