Брзата реакција на професионален војник спречи ширење на пожарот на скопското Кале

Од:

Професионалниот припадник на Армијата Христијан Божиновски со навремена и пожртвувана реакција помогна да се спречи ширење на пожар кој попладнево избувна под скопското Кале, при што беа опожарени повеќе паркирани возила. При интервенцијата, војникот се здоби со полесна повреда на раката, по што му била укажана соодветна медицинска помош, информираат од Армијата.

Професионалниот војник при заминување од работното место, меѓу првите го забележа пожарот кој избувнал на улицата „Лазар Личеноски“, спроти Градскиот стадион. Оценувајќи дека постои опасност огнот да се прошири, веднаш алармирал и побарал поддршка од припадниците на Армијата кои ја извршувале службата на воениот стадион во Скопје.

– Проценувајќи ја сериозноста на ситуацијата и опасноста пожарот да се прошири врз останатите паркирани возила, војникот Божиновски веднаш стапил во контакт со командирот на воениот стадион во Скопје, барајќи поддршка за локализирање на огнот. Припадниците на Армијата кои ја извршувале должноста на воениот стадион во Скопје, веднаш пружале помош, употребувајќи противпожарни апарати од едницата, се наведува во објавата на Фејсбук на профилот на Армијата.

Со употреба на противпожарни апарати и со брза дислокација на неопожарените возила, тие успеаa да спречат поголема материјална штета до пристигнувањето на противпожарните екипи.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пожарот бил пријавен околу 15:40 часот, при што гореле сува трева, смет и паркирани автомобили. Според првичните полициски информации, во пожарот е повредено едно лице, а опожарени се неколку возила.

Командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томески, за МИА изјави дека во пожарот биле опожарени пет возила, од кои три делумно, а две целосно изгорени. На терен интервенирале три противпожарни возила и осум пожарникари, а пожарот бил локализиран и целосно изгаснат во 16:40 часот.

Би можело да ве интересира

МВР: Едно лице е повредено во пожар на автомобили и сува трева на скопското Кале

Горан Наумовски

Опожарени пет возила под скопското Кале покрај Вардар

Горан Наумовски

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

Во Аеродром: Се запали „рено клио“, оштетени се уште две возила

(ВИДЕО) Запалени три возила во Аеродром, штетат е голема, полицијата уапси двајца пиромани

Горан Наумовски

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски