Опожарена канцеларија во Градската општа болница „8ми септември“

Од:

Канцеларија во која се чувал архивски материјал во Градската општа болница „8ми Септември“ е опожарена ноќеска, но нема повредени лица. Причинета е само материјална штета.

Од Министерството за здравство информираат дека други простории не се зафатени со пожарот.

Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје од каде изјавија дека интервенирале со две возила и пет пожарникари. Пријавен е во 22:20 часот и благодарение на брзата интервенција на Противпожарната единица не е дозволено да биде проширен во околните простории.

Причините за пожарот ќе бидат утврдени од страна на надлежните институции.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари