Опожарен дуќан на советникот од ДУИ Фитор Јакупи, запален автомобил на обвинител

Од:

Три возила синоќа биле опожарени во Куманово, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи и од територијалната противпожарна единица Куманово.

Според информациите, пожарникарите интервенирале на две возила на улицата „Трст“ и на уште едно на улицата „Никола Вапцаров“, со по една екипа.

Општинскиот советник во општина Куманово, Фитор Јакупи, објави на својот Фејсбук профил дека неговата приватна канцеларија била опожарена во текот на ноќта. Според неговите зборови, инцидентот се случил околу 3:05 часот по полноќ.

„Ве известувам дека денеска во раните утрински часови околу 3:05 часот од црна рака (на непознати лица) мојата приватна канцеларија во Куманово беше опожарена“, напиша Јакупи во својата објава.

На пожарот на фотокопирницата, пожарникарите интервенрирале од 03:15 до 04 часот, на двата автомобили на улицата „Трст“ од 03:25 до 04:20 часот, последната интервенција е од 05:40 до 06:15 часот.

Извршен е увид од јавен обвинител од Основното јавно обвинитество од Куманово на локациите каде синоќа биле опожарени два автомобила и една деловна просторија.

– Преземени се сите дејствија и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето. Прибрани се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а се врши увид и во снимки од камери за видео надзор, информираа денеска од Јавното обвинителство.

Од Обвинителството информираат дека еден од автомобилите е сопственост на јавен обвинител.

Реагираа од ДУИ.

Тешките настани што се случија синоќа во Куманово, каде што неколку автомобили и една продавница на Албанци беа запалени, претставуваат горчлив доказ за духот на омраза и меѓуетнички поделби. Ова веќе не е само неодговорност или неуспех – ова е опасна криза која се влошува секој ден, се вели во соопштението на ДУИ кое од партијата го испратија како „вонредно“

„Кога институциите не можат да ја гарантираат безбедноста на своите граѓани и кога молчат пред ваквите дела на омраза, пораката што се испраќа е јасна: Албанците во оваа земја се оставени на милост и немилост на судбината. Овој пристап не е само дискриминаторски, туку и длабоко дестабилизирачки за целото општество, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

„Кој е следен“: Надлежните да ја отворат документацијата за дискотеката „Пулс“ од 2012 година до денес

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Најмалку 28 загинати и 37 повредени во пожарите во Јужна Кореја

Пожар во Ниш, едно лице загина, повреден е пожарникар

(ВИДЕО) Најмалку 23 мртви во Јужна Кореја, пустоши еден од најтешките пожари во историјата на земјата

Четворица загинати, 11 повредени во пожари во Јужна Кореја

Татко и ќерка загинаа во пожар во Лазаревац