Опожарен дел од клубот „Станица 26“

Од:

Опожарена е салата и дел од фоајето на ноќниот клуб „Станица 26“ на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје.

Командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје Ѕвонко Томески изјави дека пожарот избувнал попладнево, а интервенцијата е завршена.

– Во гаснењето на пожарот интервенираа десет пожарникари со четири противпожарни возила, по телефонска дојава на 193, изјави Томески.

Засега не се познати причините за пожарот.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче