Операторите ја санираат штетата со скршената бандера на „Бел Камен“

Од:

Утрово на улицата „Бел камен“ во Капиштец се скрши дрвена бандера која е во владение на Македонски Телеком. Причина за кршењето на бандерата е преоптовареност а со кабли од операторите но и од дотраеноста.

По јавување на жителите, општина Центар веднаш интервенираше кај надлежните од Телеком. Нивни служби веднаш излегоа на терен за да ја санираат штетата.

Ќе биде поставена нова бандера од фирмата-сопственик и ќе се намали тежината од каблите.
Општина Центар во повеќе наврати им има укажано на операторите да внимаваат на безбедноста и преоптовареноста со кабли и со разводни ормани.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории