Операторите бараат реални законски решенија за реемитувањето

Од:

Операторите кои вршат реемитување преку различни платформи (ИПТВ, кабелски, ДВБТ и сателитски), членки на Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија, денеска по дискусија за предложените измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најавија дека ќе настапуваат аргументирано и ќе бараат да се најдат реални законски решенија.

За таа цел, како што соопштуваат, ќе бараaт интензивни контакти во текот на идната недела со Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

На дискусијата заклучиле дека операторите кои вршат реемитување работат исклучиво според постојните законски решенија во Македонија.

– За тоа сведочи фактот дека ниту еден оператор нема никаква пријава за неправилности во работењето од страна на државните органи, задолжени за мониторинг на работењето на операторите. За истото сведочи и постојаниот 24-часовен мониторинг што го врши Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги каде не се констатирани прекршувања, се вели во соопштението од Здружението.

Дефинитивните ставови за предложените измени на Законот операторите ќе ги објават по одржувањето на планираните состаноци.

Би можело да ве интересира

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

ЗНМ: Политички калкулации при изборот на членови во ААВМУ се неприфатливи

Составена е листата за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

A1on

АВМУ да ја повлече одлуката и донацијата од 5 милиони денари да ја додели во транспарентна постапка, во која ќе учествуваат повеќе медиуми

Горан Наумовски

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on