Операционите сали нема да проработат додека не се реши проблемот – набавени се шест надворешни компресори за итните случаи

Од:

Министерот за здравство Илир Демири одговори за хаваријата на Хируршките клиники во комплексот „Мајка Тереза“ каде операционите сали се затворени една недела и пациентите не се оперираат.

“ Салите на клинички се градени пред 30 години и инсталацијата за снабдување со кислород е е стара 30 години. Пред месец дена денешен имаше хаварија во компресорската станица кога се расипа еден од компресорите и доведе до оштетување, влегување на уље во тие цевки, по што тој компресор е исклучен од функција. Беа 3 компресори, почна клиниката да функционира со 2 компресори, ги издувавме комплетно цевките, поминаа технички преглед од две независни институции“, вели Демири.

„ Ги чистевме цевките, но за поголема безбедност мораше да се сервисираат и да се исклучи системот. Побарав итно од менаџерите да поднесат барање и да се сервисираат истите компресори, но пред 9 дена се случи ист проблем. Без да има хаварија се појави лоша миризба, веднаш реагиравме и ангажиравме надворешни фирми. Фирмите Пегаз и Трегер ги повикавме да испитаат. Бидејќи во Македонија нема лиценцирана лабораторија која може да даде дозвола или уверение кое ќе послужи за квалитетот за испорачаните гасови, побаравме од странска компанија и денес се испратени мостри во Германија. Од двете независни компании со лаборатории не виделе никаков недостаток во квалитетот на гасови и препорачаа да се менуваат филтрите од компресорките станици. “ потенцираше Демири.

Тој информира дека дополнително набавени се шест надворешни компресори кои може да послужат за итните случаи и за Карил, за да се сигурни дека добиваат квалитетен воздух.

„ Со тие компресори, кога се тие вклучени, нема миризба, а со вградените компресори миризбата ја има и за нас тоа е необјасниво. Немаме информација зошто ја има миризбата кога нема проблем. Чекаме испитувањата од Германија да стасаат и дотогаш ќе се функционира вака. “, вели Демири.

Министерството за здравство до Јавното обвинителство испратиле и допис во кој бараат обвинител да постапи и да утврди дали има елементи на кривично дело во врска со тоа што салите не работат. Јавен обвинител ќе ја испитува ситуацијата и веќе сослушан е претставник на Министерстовтото за здравство, а потоа ќе бидат повикувни и директори на клиниките.

Затворањето на хируршките сали предизвика огромни гужви во ГОБ „8 Септември“ и во болницата „Св. Наум Охридски“ позната како стара градска болница, каде се вршат сите итни операции и поради тоа сите останати чекаат.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

АХВ: Наредено е затворање на кујната во ,,Ѓорѓија Пулевски”, до добивање на резултатите од лабораториските тестирања

Нова компресорска станица за четири месеци, Министерството за здравство ќе потпише договор со единствената фирма која се пријави на тендерот

Таравари: Најдобро би било да имаме и нова компресорска станица и старата да ја зачуваме и сервисираме

Трет случај на заболен од западнонилска треска во земјава

Апел за помош за продолжени терапии со матични клетки за Стефан Ивановиќ од Скопје

Предраг Петровиќ