• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Опасната бактерија Стрептококус се шири меѓу децата во охридските градинки

by А1он28/12/2012 - 09:31496
Share0

За само неколку дена во Охрид се регистрирани десеттина случаи на пациенти кај кои е регистрирана бактеријата „Стрептококус богенес“ која се шири со невидени размери. Најпогодени според лекарите се децата кои се сместени во охридските градинки.

Добивај вести на вибер

Станува збор за инфекција, која се пренесува преку плунката при, кашлање, кивање и пеење.

Центарот за јавно здравје од Охрид преземе одредени мерки со цел да се спреши нејзиното ширење по градниките.

„Засилена хигиенизација на занималните, на ходниците, санитарните јазли и кујните во градинките. Предложените мерки не се однесуваат само на родителите и децата, туку и на персоналот од градинките, од воспитачки, куварки до хигиеничарки. И од нив веќе се земени брисови од грло и нос, со цел да се утврди дали и тие се носители на оваа бактерија.

„Има засилена хигиенизација и во училишните згради. Вонредна задолжителна дезинфекција на просторот, како и дезинфекција на играчките, без разлика што редовно ја вршат, ова ќе биде вонредна дезинфекција на играчките на приборот за јадење и на нагледните средства“, вели Јованка Стурлакова Коровешоска, од центар за јавно здравје

Лекарите велат дека децата кои имаат висока температура, кашлаат,имаат гадење, повраќање, да не се примаат во градинка и под итно да бидат однесени кај матичен лекар кој ќе им препише терапија. Од детската градинка Јасна Ристеска рекоа дека најголем проблем имаат со несовесните родители, кои иако знаат дека децата им се болни или дека се носители на бактерија тоа не им го соопштуваат.

Инаку СТРЕПТОКОКНА е инфекција о која ги напаѓа пред се горните дишни патишта се имплементира во вид на гнојни наслаги на крајниците и може да создаде многу компликации.

Мики Трајковски

bakterijagradinkiohrid

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 09:2512/01/2026 - 15:02

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски09/01/2026 - 09:3309/01/2026 - 12:33

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Горан Наумовски08/01/2026 - 09:56

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Катерина Ѓуровски30/12/2025 - 08:09

Земјотрес во Охрид

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 09:53

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Горан Наумовски14/12/2025 - 11:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен