А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Опаѓа нивото на Вардар во Велес

by А1он25/01/2015 - 13:52132
Share0

По вчерашната опасност од излевање на Вардар во Велес, утрово дотекот на вода е намален, а паѓа и нивото на реката, со што е надмината и опасноста од излевање, информираше Регионалниот центар за справување со кризи во Велес.

Добивај вести на вибер

Златко Костов од Центарот изјави дека  и покрај синоќешните врнежи од дожд, нивото на Вардар кај Велес денеска е паднато за цели 50 сантиметри. Вчера попладне и во доцните ноќни часови, рече тој,  дотекот на вода на Вардар кај Велес бил рекордни 450 метри кубни вода во секунда, што е трипати повеќе од вчера утрото кога се регистрирани 133 метри кубни вода во секунда.

– Но затоа Вардар низводно до вечер претставува опасност од излевање  за Неготино и Демир Капија, изјави Костов.

Мали излевања на Вардар имало во реонот Бавчите во непосредна близина на Велес, како и кај селата Ногаевци и населбата Градско, каде биле поплавени земјоделски површини во близина на реката.

– Но со интервенција на екипи, а  по барање на  општинските власти, кај овие населени места биле отстранети наносите од гранки и дрвја кај мостовите и било спречено понатамошно излевање на реката, информираше Костов.

poplaviveles

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:2324/02/2026 - 15:18

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Горан Наумовски20/02/2026 - 17:32

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски19/02/2026 - 07:1019/02/2026 - 07:11

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 07:5518/02/2026 - 09:45

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 10:08

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 08:0217/02/2026 - 08:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен