Училиштето „Ј.Х.Песталоци“ доби нов и еколошки покрив

Од:

Општина Центар го реконструираше покривот над аулата и просториите во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“.

Стариот покрив, кој беше стар 30-тина години, имаше салонитни плочи, кои беа од канцероген материјал и забранети. Наставниот кадар реагираше бидејќи покривот протекуваше.

Стариот покрив е отстранет и монтиран е 375 кавдрати нов, од челичен поцинкуван пластифициран ребраст лим, високо квалитетен и по сите еколошки стандарди.

ООУ Ј.Х. Песталоци (3)

Оваа интервенција во училиштето ја најави градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, веднаш по реконструкцијата на фискултурната сала и аулата во ова училиште.

И ова е дел од проектот „Нова пролет, нова офанзива!”

Следува финиширање на целосната реконструкција на градинката „13 Ноември“.

ООУ Ј.Х. Песталоци (4)

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец