ООУ „Гоце Делчев“ – Центар ќе добие нова енергетско ефикасна фасада

Од:

Стартот на новата учебна година на први септември, учениците од општинското основно училиште „Гоце Делчев“ ќе го дочекаат во реновирано училиште и ќе добијат поквалитетни услови за стекнување на нови знаења и престој, соопштуваат од Општина Центар.

„Општина Центар ја започна реконструкцијата на фасадата со што училиштето ќе добие комплетно нова фасада која ќе биде енергетско ефикасна.

Ова ќе ги намали трошоците за електрична енергија, но и температурите во училниците ќе бидат максимално оптимални.

Ова центарско општинско училиште е доградено на површина од 532м2. Со ова учениците имаат 6 нови училници и 3 помошни простории. Дел од овој значаен зафат е поставен лифт за деца со инвалидност и пречки во развојот.

Училниците се квалитетно опремени и од први септември децата ќе влезат во комплетно ново училиште кое нуди подобри услови за модерно образование“, се вели во соопштението на Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар