ООУ „Братство“ – пример за интекултурно образование

Од:

Денеска ООУ „Братство“ – Скопје, како партнер училиште на НДЦ Скопје, единствено училиште во Општина Карпош каде што се имплементира Концепцијата за интеркултурно образование на МОН, беше посетено од Геир Хакон Јахонсен-прв секретар на Норвешката амбасада, Симоне Филипини-поранешен Амбасадор на Хокандија во Скопје, Стеинар Брин-основач на „Нансен“ мрежата на Балканот, Ингрид Вик член на управниот одбор на НДЦ Скопје, „Скен тум“ од Норвешка, Сашо Стојковски директор на НДЦ Скопје, Билјана Крстеска Папиќ-проект менаџер во НДЦ Скопје, Ветон Зеколи проект менаџер во НДЦ Скопје, Сонај Билал проект координатор во НДЦ Скопје, Андреј Манолев Претседател на Советот на Општина Карпош и Гордана С.Зафировска Помошник раководител на сектор дејности од јавен интерес.

Цел на посетата беше да се види степенот и начинот на реализација на интеркултурните активности, опременоста на училниците од проектот, а беа разменети и искуства со директорот Јадранка Поповски за придобивките и очекувањата од овој проект.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот