ООУ „Братство“ одбележа 69 години постоење

Од:

Веселите и разиграни основци од ООУ „Братство“ денеска, на специфичен начин го одбележаа својот патронен празник. Помогнати од живописната костимографија кои  самите ја подготвија, учениците се претставија со драматизација на „Шеќерната приказна“ од Славко Јаневски, изведоа  неколку балетско-музички точки збогатени со  нежните звуци на акустичните гитари.

Сепак, највпечатлива беше кратката приредба на која учениците ги искажаа своите слободни мисли и идеи на повеќе јазици. Со овој симболичен гест, тие го истакнаа мултикултурниот карактер, кој веќе долги години е нераскинлив дел од ова основно училиште. Во рамките на оваа свеченост присуствуваше и првиот човек на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

За крај, основците од „Братство“ испратија силна порака до присутните – „се почитуваме и другаруваме, без разлика на кој јазик зборуваме“.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски