ОО на СДСМ Куманово со честитка до граѓаните

Од:

СДСМ денес на сите граѓани на Куманово им го честита претстојниот празник, 11-ти октомври, Денот на востанието на Република Македонија.

-11. Октомври е ден на македонската историја, ден кој е симбол на македонската борба за слобода и ден кога е започнат процесот на создавањето на нашата државност. Во тие бурни години македонскиот народ ја одбра вистинската страна, слободата. Тогаш застанавме рамо до рамо со сите народи кои му се спротивставија на злото, кое тогаш владееше, фашизмот-изјави новиот портпарол на ОО на СДСМ Куманово, Саше Тодоровски.

Тој нагласи дека Куманово е град херој, бидејќи од него започна слободарската песна, кој набргу се рашири во целата држава.

-Денес сме соочени со поинакви предизвици, како што се личната слобода, благосостојбата и еднаквите права на сите наши граѓани, но убедени сме дека ќе успееме-додаде Тодоровски и воедно ја искористи можноста на сите граѓани од муслиманска вероисповед да им го честитам претстојниот празник, Курбан бајрам.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона