Онлајн-предавање по повод Денот на ромскиот отпор во Аушвиц

Од:

Во пресрет на Денот на ромскиот отпор во Аушвиц – 16 Мај, Ромската асоцијација за жени и млади „Лулуди“ денеска од 16 часот ќе организира онлајн-предавање на тема „16 Мај – жените и нивната улога во нацистичките кампови“.

Предавањето ќе го одржи Роберт Рустем, активист за човекови права. Ќе може да се следи на платформата Зум, со претходна онлајн-регистрација.

Оваа година се навршуваат 76 години откако шест илјади Роми и Синти од т.н. Цигански фамилијарен камп во Аушвиц-Биркенау решиле колективно да се спротивстават на обидот за одземање на нивните животи, а 16 мај 1944 година се одбележува како ден на ромскиот отпор во Аушвиц.

-Темата на ова онлајн-предавање е со цел пошироката јавност да се запознае со трагедијата на илјадници Роми, Ромки и деца, да се потсетиме за денот на отпорот и за важноста на ромскиот отпор против нацистичките агресори, а воедно ќе се даде и краток осврт за жените Ромки кои беа затворенички во нацистичките логори, соопшти Ромската асоцијација за жени и млади „Лулуди“.

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова повикува на традиционални посети на Треблинка во чест на македонските Евреи

Романот „Библиотекарката од Аушвиц“ од Антонио Итурбе објавен на македонски јазик

Проекција на филмот „Травники: училиште за џелати” по повод 75 години од ослободувањето на логорот на смртта Аушвиц

Ана Ололовска

Меѓународен ден на сеќавање на холокаустот

Ана Ололовска

Комеморативна академија за одбележување на ослободувањето на Евреите од „Аушвиц“

Ана Ололовска