Оневозможен пристапот до Спомен кулата во Кавадарци, која е историско и културно наследство

Од:

Оневозможен е пристапот до Спомен кулата во Кавадарци, која е историско и културно наследство. Вака се пожалија околни жители, реагирајќи на, како што рекоа, постапката на поединци од соседството.

– Кулата е на сите нас и на посетителите кои доаѓаат да ја видат, па затоа го осудуваме чинот на блокирање на пристапот до објектот, реагираа незадоволни граѓани од централното градско подрачје, во изјава за МИА.

За решавање на овој новонастанатите проблем, се залага и Туристичкото информативно биро, кое е формирано од кавадаречката локална самоуправа и кое има за цел промоција на целокупниот туристички потенцијал на општина Кавадарци.

– Во моментов ја бараме целокупната документација која може да се обезбеди за оваа кула, за да можеме и соодветно да делуваме, да бараме изнаоѓање на излез од новонастанатата ситуација. Затоа што се работи за објект кој и те како е важен во туристичката понуда на градот, рече за МИА Крсте Соколов, вработен во Бирото.

За сево ова веќе е информиран и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

– Соодветните инспекциски служби ќе направат увид на лице место и заедно со Министерството за култура и нашето Туристичко информативно биро, ќе ја заштитиме таа градба, нагласи Јанчев, одговарајќи на нашето новинарско прашање.

Историчарот Петре Камчевски појасни за МИА дека се работи за Маркова или Турска кула, која имала одбранбен карактер кога била изградена, во втората половина на 17 век.

Би можело да ве интересира

Ден по смртта на тригодишно дете: Вонреден инспекциски надзор во болницата во Кавадарци

Ќе се прави вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци

Горан Наумовски

Родителите на момчето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники се сомневаат во можна лекарска грешка

Горан Наумовски

Пешак туркал тротинет, удрил во возило и се повредил

43-годишен маж од Кавадарци ја убил својата вонбрачна партнерка

Кавадарчанец барал помош од полицијата откако го истепала сопругата