ОН загрижени за содржината на снимените разговори кои ги објави опозицијата

Од:

Портпаролката на високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, Сесил Поули, денеска, го пренесе ставот за политичката ситуација во Македонија.

„Длабоко сме загрижени за политичкиот ќор-сокак што подолго се случува во поранешна Југословенска Република Македонија и неговите импликации врз човекови права. Ние сме особено вознемирени од содржината на неодамна објавените снимени разговори кои се чини дека инкриминираат високи функционери во голем број очигледни прекршувања на човековите права, вклучувајќи изборна измама, малтретирање на членови на граѓанското општество и членови на опозицијата, мешање во судството и медиумите, како и масовно следење. Ние сме, исто така, загрижени за обвинувањата за шпионажа насочени против претседателот на најголемата опозициска партија. Ги повикуваме властите да покренат независна, темелна и непристрасна истрага за сите наводи за лошо работење, без оглед на нивниот извор, и да се обезбеди резултатите да бидат објавени во јавноста.

un

Од таму апелираа сите инволвирани во Македонија да понесат одговорност за какво било прекршување на владеењето на правото или кршењето на човековите правa.

„Ова ќе помогне да се зајакне довербата на јавноста во државните институции. Во тековната неизвесна политичка ситуација, особено е важно да се гарантира независноста на судството, почитување на владеењето на правото и слободата на печатот. Исто така, треба да се почитуваат меѓународните стандарди за фер судење и на самиот процес. Конечно, ги повикуваме сите страни да се воздржат и да се вклучат во суштински дијалог, со цел решавање на политичката криза на начин на кој ќе се обезбеди целосно почитување на човековите права.“, стои во соопштението на високиот комесар на ОН.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Совет за безбедност: САД повторно стави вето на резолуцијата за прекин на огнот во Газа

Гутереш: Русија да го почитува територијалниот интегритет на Украина

Ана Ололовска

41 припадник на мисијата на ОН осомничени за силување во ЦАР

Ана Ололовска

Убиен е француски војник во Мали

Ана Ололовска