ОМД: Македонските државјани надвор од земјата да се регистрираат за гласање на изборите

Од:

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) апелира македонските државјани надвор од земјава да се регистрираат за гласање на претстојните предвремени парламентарни избори на 11 декември.

ОМД потсетува дека рокот за регистрирање е до 11 ноември.

– Иако нема македонско дипломатско-конзуларно претставништо во вашата околина, можете да се регистрирате за да се регистрира интересот на дијаспората за претстојните парламентарни избори во Македонија. Од голема важност за македонската дијаспора надвор од Македонија е да се регистрира за изборите за да се овозможи континуирано гласање во иднина. Доколку не го постигнеме бројот од минимум 6.500 регистрирани гласачи, на дијаспората ќе и биде одземено правото на глас, наведува ОМД во повикот и посочува на електронската апликација https://dijaspora.sec.mk .

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар