ОМД: ЕУ место да го обедини Балканот, ги продлабочува разликите

Од:

Обединетата македонска дијаспора, во реакција по заклучоците на Европскиот Совет кој не постигна согласност за определување датум за отворање на преговори за Македонија, оценува дека попуштањето на Унијата пред националистичките агенди на Грциај и Бугарија ја нарушува стабилноста на регионот.

– ОМД верува дека Европската Унија треба да биде мост кој ја поврзува Европа. Место тоа, ЕУ се претвори во делител, кој ги продлабочува разликите во регионот, особено меѓу државите членки и уценетите држави кои не с ечленки, пишува во соопштението на ОМД.

Обединетата македонска дијаспора истакнува дека Македонија треба да биде горда на својот напредок во реформите, во градењето на пазарна економија и солидната макро-економска состојба, како и во развојот на мултикултурното општество и верската толеранција. ОМД оценува дека, место почитување на овие достигнувања, Европската Унија воведува тешко разбирлив принцип на добро-соседство како услов за интегрирањето на Македонија.

– Со повторното одложување на преговорите со Македонија, ЕУ уште еднаш сигнализираше дека не е способна да функционира согласно нејзините декларирани принципи. Македонија треба да го смени фокусот, да се концентрира на сопствениот економски развој и јакнење на демократските институции, а не да се занимава со агресивната реторика на Бугарија и на Грција. Брисел не признава дека Македонците се изложени на систематска дискриминација во Бугарија и во Грција повеќе од еден век. Со наградувањето на нивното однесување, ЕУ е подготвена на Владите на Бугарија и на Грција да им даде статус на чувари на портите, и со тоа да решаваат за иднината на Македонија во ЕУ, пишува во соопштението на ОМД.

Би можело да ве интересира

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

Орце Костов

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

Орце Костов

Македонската дијаспора од ЕУ во 2021 година во Македонија испратила 325 милиони евра

Горан Наумовски

Благој Нацоски ја поздрави мерката на Османи: Ќе ја користам „МКартата“ за брза лента на нашите аеродроми

Орце Костов